Серија А: Елмас и Наполи од Фрозиноне ја почнуваат одбраната на „скудетото“

72

Денеска стартува и италијанската Серија А во која очекуваме понеизвесна борба за титулата.

По децении чекање, конечно, Наполи минатата сезона успеа да го освои „скудетото“ со 16 поени предност во однос на најблискиот ривал, порачувајќи им на останатите дека е созреан не само за домашниот шампионат, туку и за нешто повеќе. Меѓутоа, тренерот на шампионскиот тим Лучано Спалети одлучи да си замине, па првиот човек Де Лаурентис одлучи да го именува Руди Гарсија кој ќе треба да ја одбрани титулата. Тимот од Неапол успеа да го задржи костурот Елмас, Кваратшкелија, Осимен останаа, централниот бек Ким (замина во Баерн) го замени со Бразилецот Натан.

Јувентус имаше турбулентна сезона, им беа одземени бодови, па вратени, па пак одземени, на крајот испадна од трката по ЛШ. Требаше да игра во ЛК, но клубот се откажа па тоа европско отсуство може да им овозможи помирно и подобро да се спремаат за домашните обврски.

Милан направи реконструкција во екипата, замина Сандро Тонали и уште неколку играчи, а донесоа млади и полетни играчи кои ќе треба да се развиваат во наредните две сезони. Мусах, Чуквуезе, Пулишиќ, Рејндерс, Окафор, Лука Ромеро, единствено поискусен е Пулишиќ кој дојде од Челзи.

И Интер направи реконструкција. Заминаа Онана, Шкринијар, Брозовиќ, Гусенс, Пинамонти, но челните луѓе не спиеја – донесоа нови играчи: Фратези, Ачерби, Маркус Турам, Квадрадо, Арнаутовиќ, Карлос Аугусто и искусниот голман Јан Зомер.

Проекциите се дека Наполи, Милан, Интер и Јувентус ќе бидат меѓу првите четири.

Ќе видиме Лацио и Рома како ќе се снајдат во новата сезона. Лацио долго време не можеше да донесе нови играчи, потоа успеа да ги ангажира Кастељанос и Исаксен за кого не знаеме ама баш ништо. Но римскиот тим остана без еден од клучните играчи, Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој премина во Ал Хилал.

Рома скромно пазареше, Паресе, Ренато Санчез и Хусем Оар се нови играчи. Жозе Мурињо со нив го зацврсти дефанзивниот ред.

На дното, Фрозиноне, Лече, Верона, Каљари, Салернитана се очекува да водат грчевита борба за опстанок. Фрозиноне ја освои титулата во Серија Б минатата сезона

СЕРИЈА А, 1.КОЛО
САБОТА (19.08.2023)
ЕМПОЛИ – ВЕРОНА        18:30 ч.
ФРОЗИНОНЕ – НАПОЛИ               18:30 ч.
ЏЕНОВА – ФИОРЕНТИНА             20:45 ч.
ИНТЕР – МОНЦА             20:45 ч.
НЕДЕЛА (20.08.2023)
РОМА – САЛЕРНИТАНА 18:30 ч.
САСУОЛО – АТАЛАНТА   18:30 ч.
ЛЕЧЕ – ЛАЦИО  20:45 ч.
УДИНЕЗЕ – ЈУВЕНТУС     20:45 ч.
ПОНЕДЕЛНИК (21.08.2023)
ТОРИНО – КАЉАРИ        18:30 ч.
БОЛОЊА – МИЛАН        20:45 ч.

 

 

Претходно„Goal“ жестоко го прозва Роналдо: Само кукаше…
СледноАнри ќе ја преземе младинската селекција на Франција