Гвардиола: Ако Сити трошеше како Челзи, ќе ме убиевте

104

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде интересна изјава во врска со непрекинатите трансфери во Челзи и милионите кои сините ги платија за нови играчи ова лето.

За Челзи е многу полесно отколку за нас. Немаше да стојам овде пред вас ако ги потрошевме парите што ги потроши Челзи во последните два преодни рока – ќе ме убиевте. Ќе бевме ставени под микроскоп“, прокоментира Гвардиола.

Да видиме што ќе се случи на трансфер пазарот и дали можеме да донесеме некој но и цената да биде фер за нас. Во 2019 година го сакавме Хари Мегваер, но не го купивме затоа што не ја плативме бараната цена. Минатото лето го сакавме Марк Кукуреља, но не плативме колку што бараа. Во 2018 година го сакавме Алексис Санчез но не го ангажиравме. Би платиле ако цената е фер. Во спротивно, имаме академија, ќе се потпреме на неа“, додаде Гвардиола.

ПретходноШвеѓанките се „бронзени“ на СП
СледноПуштени во продажба билетите за Вардар-Рајн Некар, цената меѓу 200 и 300 денари