Џиџи Бекали се обложил на 20.000 евра дека ФЦСБ ќе игра со Партизан… и загубил

606

Контроверзниот романски бизнисмен, и сосптвеник на тимот на ФЦСБ (Стеауа), Џиџи Бекали ставил облог во вредност од 20.000 евра дека неговиот клуб, ќе ја мине втората пречка од Калификациите за Конференциската лига, тимот на Норстилајнд и ќе си закаже двомеч со тимот на Партизан.

Сепак, планот на Бекали се покажа како лош затоа што ФЦСБ испадна со резултат 0:2, додека пак Партизан навистина мина понатаму победувајќи го на пенали Сабах.

Сега, Романските медиуми се подбиваат со Бекали, пишувајќи дека сакал да се обложи на далеку поголема сума од 50.000 евра.

„Да, точно е. Сакав да се обложам на 50.000 евра што очигледно не беше добра идеја. Се е ова само игра“ – изјави Бекали.

 

ПретходноМарија Перез е новата светска шампионка во брзо одење
СледноШпанките се нови светски шампионки! (ВИДЕО)