Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација Серхио Скариоло го објави списокот од 12 играчи кои ќе учествуваат на претстојното Светско првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Искусниот стручњак реши од списокот да ги изостави Алберто Абалде, Себастијан Саис и Хамес Прадиља.
Скариоло најави дека на списокот ќе се најде повредениот Алберто Дијаз, но доколку не се опорави до почетокот на Мундобаскетот, на негово место ќе дојде Хамес Фернандез.
Серхио Љуљ, Руди Фернандез и Виктор Клавер ќе го предводат составот на Шпанија која е бранител на тронот на Мундијалот, а во групната фаза ќе игра против Иран, Бразил и Брегот на Слонова коска.
Список Шпанија: Алберто Дијаз, Хуан Нунес, Серхио Љуљ, Дарио Брисуела, Руди Фернандес, Алекс Абринес, Виктор Клавер, Џоел Пара, Хуанчо Ернангомез, Санти Алдама, Вили Хернангомез, Усман Гаруба.