Уште една европска задача за нашите судии. Овојпат за Игор Стојчевски кој ќе биде главен арбитар на мечот Жалгирис – Ференцварош кој се игра во четврток од 18 часот. Тоа е прв натпревар од двомечот во плеј – офот во Лигата на Конференции.
Инаку на Стојчевски ќе му помагаат Куштрим Лика, Даниел Василевски и Јован Качевски како четврти.
Инаку да се потсетиме дека пред еден месец на „ЛФФ“ во Вилнус, гостуваше Струга ТЛ тогаш во меч од 1.квалификациско коло во ЛШ и тогаш одигра 0:0.