Онана убеден: Тотенхем не е подобар од нас

160

Манчестер Јунајтед го загуби дуелот со Тотенхем (0:2) во меч од 2.коло на Премиер лигата. Уште едно бледо издание на „Црвените ѓаволи“, посебно во офанзивата, кое што резултираше со пораз. Новиот голман на Јунајтед, Андре Онана го коментираше поразот и кажа дека Тотенхем не е подобар од нив.
Не мислам дека Тотенхем е подобар од нас. Ние немавме среќа во нападот. Не успеавме да дадеме гол и мислам дека тоа беше клучниот момент. Да дадевме гол во првото полувреме тогаш ќе беше поинаку.
Направивме многу добри шанси, не погодивме и на крајот ја плативме цената. Мораме да останеме мирни, да продолжиме да работиме. Грешките се дел од играта, мора да учиме од нив и да одиме напред. Ќе бидеме подобри“, изјави Онана за Би-Би-Си.

ПретходноДвајца натпреварувачи починале за време на трка во Ирска
СледноСтефан Ристовски остана без тренер, Бишчан доби отказ во Динамо