Луис Хол од Челзи официјално во Њукасл

121

Младиот дефанзивец на Челзи Луис Хол си замина од Стемфорд Бриџ и стана дел од екипата на Њукасл. „Страчките“ платија 28 милиони фунти за дефанзивецот, кој неодамна потпиша шестгодишен договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“, но Челзи многу брзо потоа решија да се разделат со него. Ова во буџетот на Челзи прави малку баланс откако само неделава се потрошени 150 милиони фунти кога беа добедени Каиседо и Лавија.

Хол минатата сезона одигра десетина мечеви во стартниот тим за Челзи, а тој е третото засилување за Њукасл летово откако беа доведени Тонали и Харви Барнс.

ПретходноЗАМЕНА ЗА КАПИТЕНОТ: Од нигде никаде и веднаш во составот за Италија и за Малта!?
СледноЕХФ: Стоилов е душата и срцето на Вардар, најголемата легенда на овој клуб!