Салцбург ова лето на продажба на само двајца фудбалери заработи 53 милиони евра. Откако му дозволи на замбискиот напаѓач Патсон Дака да го засили Лестер за 30 милиони евра, сега го продаде и играчот за врска Енок Мвепу на Брајтон за 20 милиони евра.
23-годишниот замбиски фудбалер потпиша четиригодишен договор со Брајтон. Тој дојде во Салцбург во 2017 година и бргу се вклопи во екипата, а го нарекуваат „Комјутер“ поради способноста да ја чита играта.
✍ Albion are pleased to confirm the signing of Enock Mwepu from reigning Austrian champions @RedBullSalzburg on a four-year deal, on undisclosed terms.
👋 Welcome, @EnockMwepu45!#BHAFC 🔵⚪
— Brighton & Hove Albion (@OfficialBHAFC) July 6, 2021