ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Џовани Валенти (Брера Струмица)

492

 

По оние две стартни победи на свој терен против Вардар и Воска,тие што секогаш гледаат црно велеа дека лесно и беше на Брера Струмица да ги победи новите прволигаши. По вчерашниот триумф над Струга ТЛ тие истите ќе кажат дека шампионот комбинирал со тимот. И тоа донекаде е точно, но забораваат да напоменат дека сите три победи струмичани ги добија со игра, со креирање на повеќе шанси, сетете се само Вардар со колку “парчиња“ требаше да си замине дома.

Капа долу за Брера Струмица, капа долу за тренерот Џовани Валенти. Секоја чест. Се гледа од “авион“ дека овој тим, овој проект ќе биде убаво освежување во ПМФЛ. Секако дека е рано за некои детални анализи, но сетете се дека лани ова време и Струга ТЛ вака го започна првенството, па сите знаеме каде заврши.

А најмногу секоја чест за Валенти е тоа дека за разлика од многумина тренери во ПМФЛ, тој младите играчи ги користи како “костур“ на тимот.Тие му се главни играчи: Крстевски, Алчевски,Трајков, Донов…никој нема повеќе од 21 година.

И затоа Џовани Валенти според „Спортспорт“ без конкуренција е тренер на 3.коло во ПМФЛ.

ПретходноНови четири „контроли“ за Алкалоид, овој пат во Хрватска и во Словенија
СледноЛукаку понижен како никогаш!