Италијански голман казнет со забрана за играње поради пцуење

145

Голманот на италијанскиот фудбалски клуб Фросиноне, Стефано Турати е казнет со еден натпревар забрана за играње во првенството поради пцуење во мечот од првото коло против Наполи (1:3). Комисијата на Серија А утврди дека Турати „изговорил богохулни зборови“. Тоа јасно се гледа и на снимките кои ги поседува најсилната италијанска лига не наведувајќи ги зборовите кои ги употребил голманот.
Турати ќе го пропушти мечот со Аталанта во сабота.

Ваква казна Серија А применила и во март 2021 година против легендарниот голман Џанлуиџи Буфон.

Исто така Фросиноне е казнет со 4000 евра поради фрлањето на запалени факели од страна на навивачите на теренот.

ПретходноОхрид 2023: Бутел Скопје издржа едно полувреме против Пелистер
Следно„Бомбата“ на Гвардиола не е Пакета, доаѓа од Лондон за 80 милиони евра