Данскиот херој Дилејни е далтонист – но тоа не му пречи добро да игра фудбал!

215

Еден од хероите на данската репрезентација, Томас Дилејни е првиот фудбалер кој признава дека е далтонист, поточно не разликува црвена и зелена боја. Дилејни беше стрелец на еден од головите во победата на Данска над Чешка со 2:1 во четвртфиналето и тој стана симбол на 350-те милиони луѓе ширум светот кои не разликуваат бои.

Тој е првиот активен играч од елитата, кој ова го призна во јавноста. Мислам дека не е свесен што значи ова. Многумина не зборуваат за проблемот, затоа што се плашат дека тоа може да им направи проблеми“, изјави Катрин Олбани-Ворд, основач на британската организација на далтонисти за Би-Би-Си.

Дилејни, како што кажавме, не разликува црвено и зелено. Тоа се боите на националниот тим и еден од поранешните негови клубови Вердер од Бремен. Сега Дилејни игра во Борусија Дортмунд, а кариерата ја почна во 2008 година во Копенхаген.

Тоа е исто како да гледате различни нијанси на една иста боја. Обично играме со различни дресови, но понекогаш двата тима ги гледам во бели дресови (тоа бил случај Данска-Мексико). Е тоа е проблем. Тогаш ги гледам лицата и така ги распознавам соиграчите. А тоа морам да го правам брзо за да не ја изгубам топката. Кога играчите се околу мене тогаш можам добро да ги разликувам, но кога се подалеку многу е тешко да видам кој е кој“, вели Дилејни.

Данска и Австралија се согласија да играат во резервните дресови (бели и жолти) на СП 2018 за да не го навредат Дилејни.

„Можеа да одиграат и со други дресови но ете ми направија чест“, открива играчот.

Данска игра со Англија во полуфиналето на ЕУРО 2020, Дилејни е меѓу најактивните во данскиот национален тим. Тој претрчал 43,5 километри на натпреварите на евро-шампионатот.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Хакими во ПСЖ за 70 милиони евра!
СледноПодолски потпиша за Горњик Забже – вети и го исполни ветувањето