„Бомба“ од „Максимир“: Динамо Загреб тргна по Адеми!

1198

Кога станува збор за Динамо Загреб дефинитивно ова лето е доста интересно. А за тоа говори и последната „бомбастична“ информација на „Спортске Новости“. Според овој медиум раководството на хрватскиот тим е решено да го врати својот капитен и македонски репрезентативец, Аријан Адеми.

Оваа промена доаѓа по отказот за Бишчан и именување на Сергеј Јакировиќ за нов тренер на Динамо Загреб.

„Динамо сака да го врати прославениот капитен од Кина. Нема да биде лесно, има многу непознати и пречки, но се верува дека ќе има доволно добри сили за Аки да се врати. Тоа би бил одличен потег. Тренерот Јакировиќ го гледа во тимот, тоа би било вистинско засилување, а радоста на навивачите би била неопислива. Нема да заклучиме ништо однапред, но овој потег покажува дека Динамо е сериозен“, се вели во текстот на овој медиум.

ПретходноШеик од Катар од денеска ќе ја води светската кошарка
СледноМакаби го продаде Перец на Баерн за рекордна сума во израелскиот фудбал