Тимот на Баерн и повеќе од сигурно е дека летово ќе остане без францусинот Бенјамин Павард. Дефанзувецот јасно стави до знаење дека не сака повеќе да игра во Минхен, а клубот се досега имаше проблем со неговото заминување.
Дури, се отиде дотаму што Баерн како клуб денеска официјално објави дека Павард има грип и затоа не е дел од тренингот, а ситуацијата е сосема поинаква.
Тој е на пад за Милано, каде што по обавените лекарски прегледи ќе потпише за Интер. Од Милано треба да уплатат околу 30 милиони евра за играчот кој минатата сезона одигра педесетина мечеви за Баерн.