И покрај понудата на Барселона, Бернардо Силва ќе остане во Манчестер Сити. Европскиот првак вечерва потврди дека Португалецот го продолжил договорот со клубот до летото 2026 година.
Со ова се стави крај на сите шпекулации за можна промена на средината и заминувањето на Португалецот во Барселона или Пари Сен Жермен.
„Имав шест одлични години во Манчестер Сити и среќен сум што ќе ги поминам следните неколку тука. Освојувањето на тројната круна минатата сезона беше нешто лично, возбудливо е да се биде на чело на тим со толкава желба за успех. Успехот ве тера да одите по повеќе и овој клуб ми дава можност да продолжам да победувам. Го сакам менаџерот, моите колеги и навивачите и се надевам дека ќе споделуваме уште убави моменти во наредните години“, рече Силва.