Британецот Џош Кер и го донесе на Британија новиот златен медал од трките на 1500 метри на светските првенства, откако вечерва на големо изненадување успеа да го победи големиот фаворит Јакоб Ингебритсен од Норвешка во финалето на петтиот натпреварувачки ден на СП во Будимпешта.
Кер со фантастичен финиш успеа да го помине Норвежанецот и со резултат 3:29.38 минути да го потврди златото кое Британија го освои на оваа делница и на минатото СП кога триумфираше неговиот сонародник Џејк Вајтман.
Кер на минатите ЛОИ во Токио стана првиот Британец што освоил медал на трката на 1500 метри на Игрите од 1988 година. Тогаш беше бронзен.
Фаворитот Јакоб Ингебригтсен заврши втор со време 3:29.65, додека неговиот сонародник, Нарве Гиље Нордас, ја освои бронзата со време 3:29.68 минути.
“That’s as good a run by a British athlete as we’ve seen in half a century!”
Josh Kerr takes down Jakob Ingebrigtsen to win the 1,500M gold medal 🥇👏 pic.twitter.com/HHIs2AeWs8
— Eurosport (@eurosport) August 23, 2023