Екипите на Металопластика и Татран Прешов го затворија првиот ден на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид со неизвесна партија која на крајот заврши без победник – 24:24. Иако Татран Прешов во најголемиот дел од дуелот беше во предност, сепак, Металопластика на крајот успеа да извлече реми.
Татран и пред самиот крај имаше еден гол предност, но Милан Дакиќ успеа да погоди во голот на Словаците и на крајот да донесе еден бод за српскиот тим.