Олимпик Марсеј за 2 милиони евра го позајми Хоакин Кореа

123

Француски Олимпик Марсеј денеска ќе го комплетира трансферот на напаѓачот на Интер, Хоакин Кореа, тврди инсајдерот Фабрицио Романо.

Тимот од „Велодром“ ќе го добие Кореа на позајмица за 2 милиони евра со обврска за откуп за 10 милиони. Опцијата се активира доколку клубот влезе во Лигата на шампионите во сезоната 2024/25.

29-годишниот Аргентинец има 41 настап во сите натпреварувања во 2022/23 година, постигнувајќи 4 гола и 3 асистенции, но минатата сезона ретко добиваше шанса во првиот тим на СИмоне Инзаги.

ПретходноПознати се сите учесници на охридскиот маратон
СледноПелистер го доби ривалот во финалето, Бутел Скопје поразен од Татран Прешов