Црна Гора запиша убедлива победа на стартот на Мундобаскетот, го совлада Мексико со 91-71 во рамките на првиот меч во групата Д. Никола Вучевиќ беше најзаслужен за триумфот, постигна 27 поени, 10 од нив во првата четвртина. Зад него беа Пери со 16 и Ивановиќ со 14 поени. На другата страна Криз запиша 16 поени.
Кошаркарите на Црна Гора мака видоа во првата четвртина која заврши 19-19, по што полека почнаа да градат позитива, на одморот резултатот беше 48-39, додека во третата четвртина поведоа и со плус 16 (46-62). Оваа позитива беше доволна за мирен финиш.
Убедлива победа на стартот на Светското првенство запиша и Летонија која беше подобра од Либан со 109-70.