Ѓока: Игравме добро, но ни фалеше гол

433

Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока, нормално разочаран по поразот од Словенечка Мура на вечерашниот прв меч од првото квалификациско коло од Лигата на Шамионите. Резултаот 0:1, според него воопшто не е реален, затоа што Шкендија пропушти многу шанси.

„Кога ќе пропуштиш тплку шанси, јасно е дека ќе се случи ова. Статистиката вели дека сме доминирале, имавме многу шанси кои не ги искористивме. Дали имаме шанси да се пласираме понатаму и покрај овој пораз, ќе се бориме максимално. Нема ништо да промениме, нема потреба, само треба да реализираме. Да постигнеме гол.

Мислам дека добро почнавме, и тоа е вистинскиот начин за нас. Како се одвиваше мечот ние моравме да менуваме, стававме напаѓачи, го ослабевме нашиот среден ред, нашиот најсилен дел од тимот, но таквите ситуации, носат и вакви потези“ – изјави тренерот на Шкендија.

ПретходноАнте Шимунџа: Оваа победа не е доволна за да минеме понатаму, има и реванш
СледноМладинците подобри од Украина