Одби клубови од Италија и Шпанија за да игра за Ал Ахли

833

Младиот шпански играч од средниот ред Габри Веига одлучи да направи трансфер од Селта Виго во Ал Ахли од Саудиска Арабија и покрај тоа што имаше и понуди од клубови од Италија и од Англија.

Се зборуваше дека Наполи е блиску до него, но на крајот не излезе ништо од тоа, туку фудбалеро одлучил да игра во Саудиска Арабија која доживува препород оваа година.

Селта побара 40 милиони евра за овој фудбалер во подем, но некако европските клубови беа резервирани поради високата сума. Но затоа Ал Ахли излезе со фантастични услови и финансии кои и клубот и фудбалерот ги прифатиле.

Веига заработуваше 500.000 евра годишно во Селта, Наполи му понудил 2,5 милиони евра. Во Саудиска Арабија ќе инкасира 40 милиони евра за три години. Тоа се речиси 13 милиони годишно.

Плус опција да го раскине договорот доколку сака да се врати во Европа.

„Тоа е ситуација која ќе го промени животот и на него и на неговата фамилија“, призна тренерот на Селта, Рафа Бенитез.

ПретходноСпецијалист за драми: Поцеко доби исклучувачка, па направи хаос- летаа закани и пцовки!
СледноКанада броеше до 128, Либан демолиран