Младинците подобри од Украина

289

Со добра игра на втората проверка во „Кале“, младинците ја совладаа Украина со 76:67. Нашата селекција водеше во најголемиот дел од мечот. Лошите минути беа во третиот период од играта. Но не го испуштавме водство, беше постојано. Доволно за првиот плус во „тетратката“ на селекторот Тон Симиќ во средишниот дел од подготовките за настап на ФИБА „Челенџерот“ во Унгарија.

Време за одмор нашите младинци немаат, особено ако се знае дека веќе утре, од 18 часот нашите млади кошаркари ги чека официјалниот меч против американските „Атлети во акција“. Двојната програма во СРЦ „Кале“ пак ќе ја заокружи дуелот меѓу младинските селекции на Бугарија и на Украина, предвидена за 20.30 часот.

ПретходноЃока: Игравме добро, но ни фалеше гол
СледноБруклин не е задоволен од Кајри, му подготвува размена