Неколку недели наназад се говори дека Лука Модриќ би можел да си замине од Реал Мадрид. Посебно овие гласини се засилија поради фактот дека Хрватот во последно време не е меѓу стартерите кај Карло Анчелоти.Интересно е што Лука дел од својот одмор го мина во својата земја, на море, а таму беше и Дејвид Бекам со семејството. Секако дека дојде до средба меѓу нив а во медиумите во Шпанијаи Хрватска почнаа шпекулациите дека Бекам го договорил трансферот на Модриќ во Интер Мајами. Ако не сега тогаш секако по крајот на оваа сезона кога на Хрватот му истекува договорот со “кралевите“.
Секако дека за овој трансфер ништо против нема и Лео Меси, на кого му се потребни квалитетни соиграчи да дојде до титулата во МЛС со клубот од Мајами.
ФОТО: Twitter