Роберто Карбаљес Баена го совлада четвртиот тенисер на светот Холгер Руне со 3:1 во првото коло на престижниот УС Опен. Шпанецот, кој е 63. на светот, го доби првиот сет со 6:3, но Данецот успеа да изедначи по 6:4 во вториот сет.
Но Баена не му дозволи на фаворитот да се наметне и во наредните два сета неочекувано лесно славеше со 6:2 и 6:3.
Во наредното коло поминаа Каспер Руд, Ласло Ѓере, Доминик Тием…
Во женскиот дел, во наредната фаза поминаа Шмидлова, Бенчиќ, Азаренка, Масарова, Мухова, Швјонтек, Рибакина, Ванг…