Второ коло за Стоилковска во Куршумлијска Бања

60

Пласман во второто коло на фјучрсот во Куршумлијска Бања, Србија обезбеди македонската тенисерка Магдалена Стоилковска. Таа во мечот од првото коло ја елиминира носителката број 6 Бабина Дадациу од Романија. Мечот траеше само 34 минути откако Романката Дадациу го предаде мечот откако Стоилковска на убедлив начин го доби првиот сет со 6:1 во гемови.

Во следната рунда македонската тенисерка ќе игра со победничката од мечот меѓу квалификантката Манца Пислак од Словенија и Арина Булатова од Русија.

Стоилковска е пријавена и за турнирот во двојки каде заедно со Дадациу треба да играат против српско-романската комбинација Јована Грујиќ и Паула Михаела Орница.

На машкиот турнир во Куршумлијска Бања утре мечевите од првото коло ќе ги играат и двајца македонски тенисери Горазд Србљак и Обрад Марковски.

ПретходноОпштина Ѓорче Петров врати 62 акции на ФК Македонија ЃП
СледноДанецот Линдстром е ново засилување за Наполи