Ансу Фати реши: Сака да си оди од Барселона!

451

На три дена до крајот на преодниот рок, Ансу Фати конечно е отворен за заминување од Барселона. Лут дека и по заминувањето на Усман Дембеле и суспендираниот Рафиња, се уште нема место во стартните 11 во составот на Чави, младата ѕвезда на Каталонците е решен да ја промени средината.

Чави му ја даде довербата на Ламин Јамал, кој експлодираше и навистина покажа дека на моментот иако има 16 години е најопасен како крилен напаѓач. Каталонските медиуми вечерва откриваат дека Фати е подготвен да си замине, но дека е поверојатно да оди на позајмица. Тој наводно има понуди од Челзи и Тотенхем, како и од Борусија Дортмунд.

ПретходноАлкалоид со победа ја заврши мини-турнејата во Хрватска и Словенија
СледноАлиоски вечерва, по се изгледа, го одигра последниот меч за Ал Ахли (ВИДЕО)