РК Алкалоид со победа над словенечката екипа РК Добова од 33:24 ја заврши својата мини-турнеја низ Хрватска и Словенија.
На вечерашната средба, по изрмнетото прво полувреме, Алкалоид беше доминантен во вториот дел и постојано го зголемуваше водството до конечните 33:24.
Мартин Серафимов со девет, Арно Бинго со пет и Марко Стојковиќ со четири постигнати гола беа најефикасните играчи во нашиот вицепрвак.