Прволигашите ги „запалија моторите“: Сонот е еден – тронот на МЗТ Скопје!

385

Голем дел од прволигашите тргнаа со подготовките за новата сезона. МЗТ Скопје, бранителот на двете круни тоа го стори многу порано, а од претходните неколку дена во тренанжен процес се ставија Кожув, Пелистер, Феникс, Гостивар, ТФТ…

Една заедничка цел на сите тимови е да се симне тимот од Аеродром од тронот, кој во изминатата сезона доминираше во домашниот шампионат, па заслужено се радуваше на двате пехари.

Клубовите не мируваа ова лето, се засилуваа, бројот на странци и натаму доминира речиси во голем дел од екипите, се земаат веќе познати, но и нови имиња. Праксата странско пред македонското и натаму е главна стратегија на оние кои имаат поголем буџат, па и оние кои го немаат се засилуваат со треторазредни кошаркари кои доаѓаат надвор од Македонија.

Ваквиот начин на функционирање на големо се одразува во репрезентативниот дрес. И ова лето видовме дека сме далеку од некое посакувано ниво, се освен генерацијата до 20 години која добро се снајде во Б конкуренција и го освои второто место, сето останато не дава имплус на надеж дека во скоро време ќе имаме добра репрезентативна кошарка.

Сепак изборот е на клубовите, а одлуката на федерацијата. Засега нема стратегија која може да го подигне нивото на квалитет, сезоните си минуваат, горчината за националниот спорт останува.

ПретходноМиленкоски ден по победата: Малку спиев, мора да се смириме, за Црна Гора ни е потребна нова стратегија
СледноЛоша разделба: Тотенхем му забранил на Кејн да се поздрави со соиграчите