Халанд за „СпортСпорт“: Како мал гледав како даваат голови, како прославуваат, и си реков ова мора да бидам и јас еден ден!

175

По денешното прогласување на најдобрите играчи и тренери за сезоната 2022/23 во изборот на УЕФА за кој гласаа новинарите од цела Европа, меѓу кои честа од Македонија ја имаше „СпортСпорт“, на прес-конференција норвешкиот бомбардер Ерлинг Халанд кој го доби признанието за „Најдобар играч“ за минатата сезона одговараше на новинарски прашања, меѓу кои и на нашиот новинар Игор Д. Ивановски.

„Кога бев млад како сите вас останати гледав фудбал, гледав како даваат голови и како ги прославуват, во себе си реков морам и јас да бидам таму еден ден. Затоа станав напаѓач. Мислам не сум роден така, малку е природа, но мора да работиш на тоа, можеби го имам чуството. Пеп е многу специфичен, не е лесно. Ова беше одлична шанса за мене, начин да се докаже дека Сити може да функционира со напаѓач. Луѓето велеа дека сум погрешил, но јас морав да го докажав спротивното. Не е лесно да дојдеш во нов тим. Работата со Пеп е голем предизвик за мене. Дојдов и дојдоа головите и во Лигата на шампионите. Уживам, уживам во наградата на УЕФА и тоа што сум тука со вас, новинарите од цела Европа“, им се обрати на новинарите на прес-конференцијата Норвежанецот.

За плановите во иднина и мотивацијата по сите овие признанија кои ги доби за минатата сезона, Халанд вели:

“Тука не застанувам, работам напорно. Навистина, имав тренинг пред да дојдам тука… Тимот на Пеп работи перфектно и бараат да бидам се подобар и подобар. Гладен сум за нови голови и трофеи, а тоа е сосема нормално затоа што имам само 22 години. Искрено, сакам успеси и со Норвешка, но со Норвешка е невозможно да освојам се токму сега. Победа на СП или ЕП би било сензација за сите во мојата земја, но реално тоа е невозможно“, заврши голгетерот кој минатата сезона се прослави со настапите за Сити во Лигата на шампионите, со што веројатно и ја заслужи оваа награда.

ПретходноХаланд со убедлива предност пред Меси ја доби наградата на УЕФА и израмни рекорд на Роналдо
СледноЖенската селекција на Македонија до 17 години на тренинг камп во Кичево