Ристовски и Динамо (З) не успеаја да влезат во групите од Лигата на Европа

222

Спарта Прага го победи Динамо Загреб со 4:1 и со тоа успеа да го елиминира хрватскиот тим и од можноста да игра во групната фаза на Лигата на Европа. Иако загрепчани имаа 3:1 од првиот меч на домашен терен, чешкиот тим успеа да се реваншира.

Хараслин го отвори натпреварот во втората минута за водство на домашните, а тоа го потврди и Серенсен во 24. минута. Овој резултат беше актуелен на полувремето.

Во 67. Панак погоди за 3:0 на асистенција на Бирманчевиќ. Батурин во 71. минута постигна утешен гол за Динамо и за потенцијално продолжение. Сепак, херој на домашните е Олатуњи кој постигна гол за 4:1 во 87. минута за конечна победа и елиминација на Динамо (З), кој сега ќе игра во групите од Конференциската лига.

ПретходноИ Алекс тренира со Работнички во очекување на нов трансфер! (ФОТО)
СледноУ16: Реми на вториот тест со Турција