ПСЖ плати 45 милиони евра за „чудото“ од Лион

285

Во финишот на претпоследниот ден за трансфери, француски Пари Сен Жермен успеа да го договори доаѓањето на суперталентираниот крилен напаѓач на Лион, Бредли Баркола. Како што потврдија и од клубот, трансферот е заверен и Баркола и официјално е ново засилување за „светците“.

Младиот фудбалер немаше намера да ја промени средината во која порасна и доби вистинска можност да процвета во францускиот фудбал, но очигледно беше тешко да се одолее на нападите на парижан. Лион на крајот попушти и се согласи на цена од 45 милиони евра, сума за која му дозволи на младиот фудбалер да го облече дресот на шампионот со договор до 2028 година.

ПретходноМиовски погоди за Абердин од пенал, но не успеа да го спаси од пораз (ВИДЕО)
СледноМлад Бразилец е ново засилување за одбраната на Нотингем Ф.