Македонскиот прволигаш Тиквеш ги засили своите редови со Оливер Стоименовски, 24-годишниот стопер, екс-младински репрезентативец. Тој минатата сезона играше за Победа, а сега како слободен играч доаѓа во Тиквеш.
Претходно играл за Македонија ЃП, Борец и Работнички.