Евроволеј 2023: Холандија и зема сет на Полска, па само ја налути

130

Првиот фаворит во групата Ц на европското првенство во Скопје, селекцијата на Полска, ја оствари и втората победа откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со 3:1 (23:25, 25:13, 25:19, 25:22) го доби дербито во групата против селекцијата на Холандија. Во мечот кој веројатно го реши прашањето за првото место, актуелните освојувачи на Светската лига на нации славеа во меч во кој Холандија успеа да ги изненади на стартот и да најави едно силно и неизвесно дерби.

Но, според развојот на натамошните настани, неизвесноста остана само во првиот сет. Во следните три Полска малку и лута поради загубениот воведен сет, практично комплетно ги разоружа „лалињата“ и успеа лесно и убедливо да го приведе мечот во своја полза. За разлика од дуелот со Чесите, селекторот на Полска, Никола Грбиќ, денеска го одмораше еден од своите најдобри одбојкари Бартош Курек, кој не влезе на теренот во ниту еден од четирите сета, а на негово место стартер беше Кубанецот со полски пасош, Вилфредо Леон, кој со 20 поени беше најдобар реализатор во полскиот тим. Одличен меч имаа и Качмарек со 17 и Коханосвки и Хубер со по 12. Кај Холандија, Нимир Абдел-Азиз со 18 поени беше прв поентер.

Полска утре паузира, додека Холандија ја очекува уште едно дерби, против селекцијата на Чешка.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноГостивар го најави и 21. засилување – напаѓач од Нигерија
СледноБарди во супер форма – постигна два прекрасни гола за Трабзон (видео)