Барди во супер форма – постигна два прекрасни гола за Трабзон (видео)

709

Трабзон му гостува на Касимпаша во турската Суперлига, а победи со 5:1. На мечот македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна два убави гола. Првиот во 28. минута за водство од 2:0. Тоа беше шут од околу 20-тина метри по кој топката заврши во мрежата.

Вториот погодок, за водство на Трабзон од 4:0 го постигна во 64 минута. Македонскиот интернационалец со силен шут од косо од речиси 16 метри ја смести топката зад грбот на противничкиот голман.

ПретходноЕвроволеј 2023: Холандија и зема сет на Полска, па само ја налути
СледноВо Скопје вечерва падна светски рекорд: Абдел-Азиз сервираше со 137 км/ч! (ВИДЕО)