Црногорците со победа над Грција завршија на Мундобаскетот

266

Селекцијата на Црна Гора ја совлада Грција со 73:69 и го потврди пласманот на 3. место во групата на Мундобаскетот, со што, сепак, не супеа да се пробие во следната фаза.

Црногорците покажаа дека во овој момент се подобар тим од Грците и предводени од НБА ѕвездата Никола Вучевиќ кој мечот го заврши со 19 поени и 7 скока стигнаа до триумфот. Покрај Вучевиќ, во селекцијата на Црна Гора се истакнаа Дино Радончиќ и Владимир Михаиловиќ кои остварија по 12 односно 10 поени.

Најефикасен кај Грците беше Јоанис Папапетроу, чии 16 поени не беа доволни за да се избегне пораз.

ПретходноВајналдум е ново засилување за Ал-Етифак на Стиви Џи
СледноЈошко: Полска е светска класа, наша шанса за нова победа се Холандија и Чешка