По вчерашниот собир, македонските фдубалски репрезентативци продолжуваат во Скопје со подготовките за престојните квалификациски средби со Италија и Малта. Во септемврискиот циклус, избраниците на селекторот Милевски ги чекаат дуелите со „аѕурите“ на 9 септември во Скопје и на гости на 12 септември со Малта.
Дефанзивецот Јован Манев вели дека верува дека сите фудбалери ќе го дадат максимумот против Италија.
„На Италија никој не може да и се заканува. Сите знаеме за каква сила во фудбалот станува збор. Фудбалски е да се надеваме на позитивен резултат. Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде максимумот. Ако не веруваме, нема да бидеме тука”, изјави Манев.