Саудијците се повторно во Англија: Последна понуда за Салах – 200 милиони фунти!

316

Делегација од Саудиска Арабија пристигнала во Лондон во саботата во обид да го направи последниот притисок да го убеди Ливерпул да го продаде Мохамед Салах оваа недела.

Јирген Клоп испрати јасна порака дека Египјанецот не е на продажба и дека е среќен во Ливерпул. Сепак, Арапите не се откажаа и понатаму притискаат со ненормални понуди за трансфер на 31-годишниот фудбалер.

Понудата од околу 150 милиони фунти беше отфрлена минатиот четврток, а најновата која стигнува во канцеларијата на клубот е висока 200 милиони фунти.

Саудијците чекаат одговор во следните 48 часа, верувајќи дека Салах ќе биде ново засилување за Ал-Итихад до четврток, кога завршува преодниот рок во саудиската Про лига.

ПретходноГорџијан останува селектор на Австралија
СледноНајдобрите млади пингпонгари од денеска на силен турнир во Скопје