Kaнаѓаните ги „исфрлија“ Словенија и Дончиќ и закажаа полуфинале со Србија

280

Репрезентацијата на Канада е патник во полуфиналето на кошаркарското Светско првенство откако попладнево ја елиминира Словенија со триумф од 100:89. Резултатот беше изедначен по првото полувреме, меѓутоа во третата четвртина Канаѓаните беа многу подобри и направија разлика од +9 поени (80:71).
Во одлучувачката четвртина Канаѓаните стигнаа и до максимално +16 поени, Лука Дончиќ нервозен реагираше на секоја судиска одлука. Следуваше негово исклучување поради две технички грешки, па Словенците беа својот најдобар кошаркар мораа да бркаат негатива.
И без него Словенија имаше седум врзани поени и можност за кам-бек, но Канаѓаните не дозволија изненадување. Најефикасни кај Канаѓаните беа Шеј Гилџес-Александер со 31 поен и Ер Џеј Барет со 24 поени, кај Словенија Лука Дончиќ постигна 26 поени.

Во полуфиналето Канада ќе игра против Србија, а во другото полуфинале ќе се сретнат Германија и САД.

ПретходноИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 2 200 000 ДЕНАРИ, РЕКОНСТРУИРАШЕ ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
СледноЃорческа стартуваше со победа во Виена