Шаби: Благодарам Македонијо! Навистина е преубаво да се игра пред ваква публика!

771

Македонската одбојкарска репрезентација како четвртопласирана патува за Бари каде во осминафиналето ќе ги одмери силите со еден од фаворитите за освојување на ЕП, Италија. Нашите момци вечерва беа поразени од Чешка со 3-0 и групната фаза ја завршуваат со две победи и три порази.

По последниот меч Дарко Ангеловски испрати порака до фановите.

„Чешка беше подобра. Низ средината не сардисаат. И се извинувам на македонската јавност за поразот од Чешка. Со оваа генерација испишавме историја. Одигравме квалитетни мечеви. Мило ми е што се пласиравме во осминафиналето. Благодарам Македонијо, навистина е преубаво е да се игра пред вакава публика“, изјави популарниот Шаби.

ПретходноТретата победа остана само желба: Чешка ја потврди разликата во квалитет
СледноПромоција: Вардар Неготино се пофали со Филип Петковски!