Тодоров го победи Давитков во мак-дербито во Романија

49

Дербито на некогашните македонски селектори во Романија му припадна на тренерот со поголем стаж. Александар Тодоров и неговата Крајова ја запишаа 17. победа, откако го совлада Јорданчо Давитков и Таргу Џиу со убедливи 108-65.

Добрата игра во втората и третата четвртина беше доволна за триумф, тимот на Давитков беше неможен.

Крајова е на третото место на табелата со скор од 17 победи и пет порази, додека пак Таргу Џиу е на 12. позиција, има само шест победи и 19 порази.

ПретходноХрватска до врв ја наполна нашата мрежа
СледноИ ОФИЦИЈАЛНО: ФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА 19 МАЈ ОД 19 ЧАСОТ!