Бобан Николов потпишува за Кишварда

1003

Македонскиот интернационалец и репрезентативец Бобан Николов својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Кишварда. Унгарскиот лигаш ќе биде негова следна дестинација, откако Николов добар дел од неговта досегаша криера го мина токму во овој шампионат. Беше дел од тимот на  Мол Фехервар.

Николов со ова решава голем проблем затоа што веќе е крај на летниот преоден рок, и шампионатите на секаде во Европа се во полн ек.

Тој своевремено како млдинец замина во Романија, каде што беше дел од Академијата на Георге Хаџи, а потоа и од тимот на Виторл Констанца. Следуваше трансферот во Вардар и златните години на „црвено – црниот“ тим, за потоа да биде дел од МОЛ.

Следуваше трансферот во Лече, па потоа во Шериф Тираспол, за да последно биде дел од ФЦСБ, односно Стеауа.

 

ПретходноПоради очајната состојба на теренот, Италија само ќе има прошетка на Арената (ФОТО)
СледноОдбојкарите со една желба тргнаа за Бари (ВИДЕО)