Се огласи и Венгер: Немаше збор за пенал, ВАР го изневери судијата

1120

Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во финалето на Европското првенство, но коментарите за непостоечкиот пенал со кој „Трите лава“ дојдоа до финалето продолжија веднаш по мечот.

Досудениот пенал предизвика бројни коментари, а поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, истакна дека пенал воопшто немаше.

„Нема пенал. Не разбирам зошто во оваа ситуација судијата не отиде и не го погледна видеото. Во ваков момент, тој мора да биде апсолутно сигурен во својата одлука“, изјави легендарниот француски стручњак.

„ВАР го изневери судијата “, дополни Венгер.

ПретходноМајкл Овен: Кому му е гајле дали имаше пенал или не!
СледноЈа одбранија титулата: Тампа Беј е новиот (стар) НХЛ шампион!