Николас Пепе замина во Трабзон

101

Едно од најголемите промашувања во историјата на Арсенал, французинот Николас Пепе е нов играч на тимот на Трабзон.

Човекот кој го чини тимот на Арсенал 80 милиони евра минатата сезона ја мина на позајмица во Ница, а бидејќи во ниту еден момент не беше во плановите на Микаел Артета беше јасно дека напаѓачот ќе има нов клуб.

По неколкуте одбиени понуди од Саудиска Арабија, тој се одлучи за Трабзон, и ќе се обиде да ја продолжи својата кариера која ветуваше многу повеќе од постигнатото.

ПретходноПочина македонската скијачка легенда Иван Лесевски
СледноУрнебесно: Српскиот коментатор во транс…го загуби и гласот! (ВИДЕО)