Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми повторно ќе игра за Динамо Загреб. Еден од најзначајните играчи во клупската историја го напушти Пекинг Гуам и се врати во Динамо, каде играше успешно и важи за рекордер по освоени трофеи.
„Не очекував дека ќе се вратам во Динамо толку брзо, но ете, работите се наместија така. Од Кина го следев секој нивни меч, секоја вест поврзана со овој клуб, па на крајот среќен сум што вака се случи. Во целиот процес важна улога одиграа клупската управа и спортскиот сектор, а почувствував колку им е важно повторно да бидам дел од тимот“, изјави Адеми.
Капитенот во зимскиот преоден рок го засили Пекинг, но по неколку месеци се враќа во омилениот клуб.
ФОТО: Твитер/Динамо