Историјата на страна на Италија: Англија никогаш не ги победила „аѕурите“ на ЕП

415

По сите перипетии околу вчерашното второ полуфинале на Еуро 2020, од денеска сите погледи се свртени кон неделното финале на „Вембли“. Таму ќе ја имаме 28-та меѓусебна пресметка на Италија и Англија низ историјата на двете репрезентации, историја во која статистички италија влегува како голем фаворит.

Имено, на 27 досегашни меѓусебни дуели на овие две селекции, „аѕурите“ имаат дури 11 победи. На европските првенства, Италија и Англија имале две пресметки, а и на двете, победата им припаднала на Италијанците.

Првата на ЕП 1980 кога Италија победи со 1-0 во групната фаза со погодокот на Марко Тардели, додека втората победа стигна во четврфиналето на Евро 2012, во кое Италијанците победија со 4:2 по подобро изведување на пеналите. Тогаш Андреа Пирло го совлада Џо Харт со т.н. паненка.

ПретходноНа 40 години ја прекина пензијата и потпиша договор со клуб од Бахреин
СледноМурињо: Не сакате да го чуете моето мислење за пеналот