Една од најдобрите молдавски фудбалерки загинала на планинарење

193

Фудбалската репрезентативка на Молдавија, Виолета Мицул загинала по пад додека планинарела. Трагичната вест ја пренесе прес службата на исландскиот клуб Ејнхери за кого таа играше.

26-годишната Мицул планинарела со соиграчите како дел од клупскиот тим билдинг, во Вопнарфјордур кога се лизнала и паднала од карпа. Фудбалерката починала како последица на телесните повреди.

Мицул има 41 настап за Молдавија. Централниот бек играла за клубови од Казахстан, Романија, Украина, Италија и Шпанија.

ПретходноВиљареал го одбра новиот тренер, но не е Раул
СледноОхрид убедлив во езерското дерби, Даскаловски со 19 одбрани блескаше во Автокоманда!