Ракометарите на Прилеп приредија изненадување на стартот на новата сезона во Суперлигата, откако вечерва на домашен терен минимално го поразија Бутел со 28:27.
Избраниците на тренерот Божидар Мојсов успеаја да се вратат од резултатска негатива во последните неколку минути од мечот и на крајот да се изборат за победа.
Одлуката падна со голот на Рајатоски, по што Бутел не успеа да го искористи последниот напад за израмнување.