Ѓоковиќ му се реваншира на Мадведев за 24-та Грен слем титула (ВИДЕО)

381

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои УС Опен, откако во големото финале го победи Русинот, Данил Медведев со 3-0 по сетови 6:3,7:5 и 6:3, мечот траеше три часа и 17 минути.

Резултатот од 3-0 не го прикажува она што се случуваше на теренот. Медведев пружи силен отпор, имаше сет топка во вториот сет, но Новак успеа да издигне и да ми се реваншира на рускиот тенисер за поразот пред две години во истото финале.

На овој начин Србинот дојде до 24 Гренд слем трофеј во својата историја, сега има два повеќе од Рафаел Надал.

За Ѓоковиќ ова беше 10 УС финале во Њујорк и вкупно 4-та титула. Оваа сезона тој освои 3 ГС трофеа, не успеа само на Вимблдон каде беше совладан од Алкараз.

Со 24 трофеј Новак се изедначи со Маргарет Корт која исто така има своено 24 ГС пехари. Тој по завршување на финалето облече посебна мачика на која стоеше ликот на Коби Брајант и неговиот, а пишува Мамба засекогаш.

Од денеска Новак е повторно на врвот на АТП-листата

ПретходноКапитенот на Србија кон судиите: “Да ти е*ам мајката….“!
СледноМамба засекогаш, Ѓоковиќ ја растажи публиката (ВИДЕО)