Ноле веднаш истрча кај неговата ќерка и се расплака (ФОТО)

499

Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња. Српскиот тенисер постави високи стандарди во светот на тенисот, ќе требаат многу години за да успее да го престигне на вечната листа на освоени Грен слем титули. На УС Опен преку Данил Медведев дојде до 14 трофеј.

По завршување на овој меч, Ѓоковиќ веднаш отиде кај неговата ќерка Тара, откри и зошто.

„Ја гледав цел натпревар. Таа седеше во првиот ред, беше свртена кон мене кога седев на клупата и неколку пати се смеевме еден на друг. Таа има само шест години и токму во моментите кога требаше да ја имам таа разиграност и таа радост и малку да се опуштам од големиот стрес, особено во вториот сет, таа ме погледна и ми ја даде оваа енергија“, изјави Ѓоковиќ, а потоа додаде:

„Затоа прво отидов кај неа. Секако затоа што е моја ќерка, но и таа најмногу ми помогна на овој натпревар. Ја сакам многу, таа заедно со мојата сопруга, мојот син Стефан и моите родители – ми дадоа поддршка и љубовта. Ова е и нивен трофеј“. 

Во моментите кога Тара му се честиташе победата Новак не издржа и заплака.

ПретходноЃоковиќ: Да не бев од Србија сигурно ќе ме величевте!
СледноСе огласи и сопругата на Коби, Ванеса имаше порака за Ѓоковиќ