Утринското кафе на терасата од хотелот “Вестин“: Италија е минато, фокусот е на Малта! (ФОТО)

735

„СпортСпорт“ во Малта, Игор Д. Ивановски

 Убава е атмосферата во нашиот табор по тие 1:1 со Италија, по одличната игра и одличниот резултат против европскиот првак. Токму затоа и утринското кафе на терасата на хотелот “Вестин“ на Малта е пријатно,убаво.

Муабетот фудбалски, има и нешто “неврзано“ со фудбалот кога на една маса се Барди, херојот од мечот со Италија и големите борци Муслиу и Зајков. Сите тие се дел од онаа златна генерација од ЕП 2017 за младинци. Се знаат во душат што се вели и знаат што се бара од нив, што бара од нив селекторот Милевски. А со него беа и на тоа младинско првенство. Тука е и Илјазовски да слушне нешто повеќе од своите репрезентативни колеги, како нов во тимот секако дека и треба.

Италија е минато, сега фокусот е ставен на дуелот со Малта кој сеигра утре со почеток од 20:45 часот.

И повеќе од јасно им е на Енис, Висар и Ѓоко дека мора да се освојат тие три бода утревечер.

Сега е време за одмор, а попладне ќе се одработи оној вообичаен тренин пред утрешниот меч со Малта во рамките на квалификациите за ЕВРО 2024.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноМедведев до Ноле: Доста ти е, зошто уште си тука? Не знам кога планираш да успориш (ВИДЕО)
СледноСите Балканци прочитаа што кажа Метју Меконахи по поенот на Ноле