Бодот со Италија ќе не искачи три места на новата ФИФА листа

410

Ремито против Италија во Скопје за македонската фудбалска репрезентација ќе значи скок од 3 места на новата септемвриска ранг-листа која треба да се појави на 21 овој месец.

Со нерешените 1:1 против актуелниот европски шампион, нашата репрезентација освои нови 7,72 поени, кои ќе не искачат три позиции погоре од постоечкото 68. на 65. место. Без разлика дали ќе ја победиме Малта или не, малку веројатно е дека ќе можеме да напредуваме уште некое место погоре, бидејќи моментно 64. репрезентација во светот, Јужна Африка, има 8 бода повеќе од нас на своето конто.

Интересно е што Италијанците ќе назадуваат, па од 8. се спуштаат на 9. место на ФИФА листата овој месец.

 

ПретходноСловенија со победа над Украина обезбеди полуфинале на Евроволеј 2023
СледноПандева се врати од Италија и повторно ќе заигра за Струмица